Поставување на ракофати на стрмни улуци
На барање на граѓаните од високите зони на градот се изврши поставување на ракофати на улицата Тоше Саздов во должина од 200 метри. Поставените ракофати ќе овозможат побезбедно движење на граѓаните од овој реон. Средствата за овој зафат се предвидени од Програмата за уредување на градежно земјиште за 2014 година, а со поставување на ракофати на останати локации во градот ќе се продолжи и во наредниот период.