Се поставува урбана опрема на патеката на езерото Младост

Денес започна реализацијата на проектот кој Општина Велес го доби од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, а кој предвидува поставување на Урбана опрема на изградените патеки на езерото Младост. Во рамките на овој проект, наредниот период на патеките ќе бидат поставени клупи, маси, корпи за отпадоци и летниковци. Дополнително екипи на ЈКП Дервен веќе започнаа со расчистување на патеката. Проектот е со вредност од 1.766.940 денари, од кои 1.222.109 ги озбебеди Агенцијата, а 522.831 денари се од Буџетот на Општина Велес. Изведувач на градежните активности е фирмата Реалградба од Велес. Исто така, значајно е да се напомене дека при крај се активностите за поврзувањето на изградените објекти долж езерото Младост со градскиот водоводен систем, по што ќе се премине и на изградба на канализациона мрежа. Во наредниот период Општина Велес ќе вложи значителни напори за што повеќе да го развива и промовира Езерото Младост како најатрактивен туристички комплекс во регионот.