Изградба на канал за наводнување во с. Ораовец

Овие денови во с. Ораовец се вршат интензивни градежни активности за изградба на канал за наводнување во должина од 250 метри кој ќе ја собира изворската вода што минува низ селото. По барање на жителите на селото, а во соработка и со стручните служби на локалната самоуправа беше одлучено овој канал да се изгради од собирни бетонски елементи. Инаку неодамна во ова велешко село беше завшрено и асфалтирањето на планираните 1.500 метри од патот. Реализацијата на овој проект беше финансирана од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието и руралниот развој и од буџетот на Општина Велес, а врз база на претходно одобрен проект на општината.

Климата и географската местоположба, богатството на растителен и животински свет, но и добрата инфраструктура се одлична основа за развој на овој вид алтернативен туризам кој е доста значаен за нашата општина и држава воопшто. Инаку селото Оравец има и славно револуционерно минато. Во него се наоѓаат и вечните почивалишта на двајцата велешки илинденци, гемиџијата Милан Арсов и војводата Јован Наумов - Алабакот.