Бетонирање на улица во населено место Раштани
Изминативе денови се заврши со предвиденото уредување на улица во населеното место Раштани. Со реконструкцијата на улицата беа опфатени околу 145 метри. Средствата за овој градежен зафат се обезбедени од Буџетот на Општина Велес, а истите беа предвидени во Програмата за уредување на градежно земјиште за 2014 година.