Министерот Спиро Ристовски во посета на Велес
Министерот за образование и наука Спиро Ристовски заедно со градоначалникот на Општина Велес Славчо Чадиев денес направија увид во реконструкцијата на ООУ „Свети Кирил и Методиј“ и СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ каде е сместено и ССОУ „Димитрија Чуповски“. Во 2013 година започна реконструкцијата на Гимназијата „Кочо Рацин“. Ова е прва посериозна реконструкција на овој училишен објект од неговата изградба. Се интервенираше буквално на сите позиции – покривот, прозорите, подовите. Средствата во целост ги обезбеди Владата на Република Македонија од сопствениот буџет и Банката за развој при Советот на Европа во висина од 22.000.000 денари.
При вршењето на реконструкцијата посебно е водено сметка на енергетската ефикасност. Тоа значи фасадата има термо изолација, прозорите се ПВЦ, а и светилките се заменети со економиочни.
Објектот заеднички го користат Гимназијата и ССОУ „Димитрија Чуповски“. Во насока на подобрување на енергетската ефикасност со проект на ССОУ „Димитрија Чуповски“ Општината беше партнер во набавката на нов котел и целосна реконструкција на котларницата од каде се спроведува систем за затоплување на целиот објект. Минатата година исто така Општината вложи во реконструкција и промена на прозорите на спортската сала. Ова значи второто полугодие од оваа учебна година за повеќе од 1.300 ученика е во идеални услови за изведување на образованието.
Исто така, најстарата и најубавата училишна зграда е објектот на ООУ „Св. Кирил и Методиј”. Но објектот имаше потреба од посериозна реконструкција за да ги задоволи стандардите на современото образование.
Благодарејќи на заложбите на МОН и Владата на Република Македонија, ООУ „Св. Кирил и Методиј” е едно од училиштата во РМ што се реконструира со средства од Буџетот на РМ и Банката за развој при Советот на Европа .
Се работеше на поставување нова кровна конструкција, замена на подната површина со нова изработена од висококвалитетен материјал, а се замени и дел од фасадата на зградата и старите прозори
Истовремено, Општина Велес од свои извори ја финансираше реконструкцијата на топловодниот систем во училиштето, а деновиве ќе отпочне и замената на подлогата во Спортската сала.
При посетата министерот Спиро Ристовски изрази задоволство од изведените работи на реконструкција и санација на овие две велешки училишта, за кои средства се издвоени од ресорното Министерство, односно од Владата на Република Македонија. Тој истакна дека во итнерес на подобрување на наставата Министерството за образование и во иднина ќе продолжи и со други инвестиции и во другите училишта во Општина Велес.
Градоначалникот Славчо Чадиев изрази големо задоволство од одличната соработка меѓу локалната самоуправа и ресорното Министерство во насока на подобрување на условите во велешките училишта. Тој истовремено најави дека отпочнува процесот на изготвување документација за изградба на платформи за инвалидизирани лица за што изрази убедувањедека до крајот на 2014 година истите ќе се постават во училишните објекти во градот.
Намерата на Општината Велес е во иднина да се изврши целосна реконструкција на сите училишни објекти на територијата на Општина Велес, како дел од севкупните процеси за развој на образованието.
Министерот за образование и наука Спиро Ристовски заедно со градоначалникот на Општина Велес Славчо Чадиев денес направија увид во реконструкцијата на ООУ „Свети Кирил и Методиј“ и СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ каде е сместено и ССОУ „Димитрија Чуповски“.
Во 2013 година започна реконструкцијата на Гимназијата „Кочо Рацин“. Ова е прва посериозна реконструкција на овој училишен објект од неговата изградба. Се интервенираше буквално на сите позиции – покривот, прозорите, подовите. Средствата во целост ги обезбеди Владата на Република Македонија од сопствениот буџет и Банката за развој при Советот на Европа во висина од 22.000.000 денари.