Бетонирање на дел од улицата Стојан Бурчевски – Буридан

Изминативе денови заврши бетонирањето дел од улицата Стојан Бурчевски – Буридан која се наоѓа во Урбаната заедница „Богдан Каракостев”. Со реконструкцијата на улицата беа опфатени околку 70 метри од улицата. Средствата за овој градежен зафат се обезбедени од Буџетот на Општина Велес, а истите беа предвидени во Програмата за уредување на градежно земјиште за 2014 година.