Отчетот на општината, поделен помеѓу граѓаните
Градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев прв започна со дистрибуирање на отчет за сработеното во изминатата 2013 година. При средбите со граѓаните градоначалникот потенцираше дека отчетот не е почетна еуфорија и дека темпото на работа ќе остане исто се до истекот на неговиот мандат. Довербата добиена токму од граѓаните е обврска и поттик за да се подобрат условите во секојдневното живеење во општината.