Салата „Гемиџии” ќе добие сончев систем за топла вода

Денес во Општина Велес беше потпишан договор за монитрање на сончев систем за топла санитарна вода на Спортската сала „Гемиџии“. На договорот свој потпис ставија градоначалникот Славчо Чадиев и г-динот Зоран Јаневски, претседател на Здржуението на граѓани Велес Фест, како партнер во овој проект.  Проектот е финансиски поддржан од Глобалниот Еколошки Фонд, Програмата за мали грантови, со буџет од 20.400$. Истиот ќе се спореведува во партнерство со Општина Велес и Леов Компани, кои се и кофинансиери со вкупен буџет од 50% од вкупната доделена сума од донаторот.

За оваа цел, Советот на Општина Велес на 15.07.2013 година донесе и Одлука општината да учествува во проектот „ Еколошка кампања и монтирање на сончев систем за топла санитарна вода на Спортската сала „Гемиџии“ Велес“. Конкретни цели се: намалување на потрошувачката на електрична енергија и емисија на СО2 во спортската сала „Гемиџии”; градење на капацитети и подигнување на еколошката свест за намалување на штетното влијание на стакленички гасови; промоција на бенефити од користење на енергетско обновливи извори на енергија.

При денешното потпишување на договорот, градоначалникот Славчо Чадиев истакна дека Ова ја потврдува на дело соработката на Општина Велес со граѓанскиот сектор, како и инвентивноста и за заложбите на ЗГ заедно со Општина Велес еден по еден да ги решаваат сите проблеми и да ги задоволуваат потребите на граѓаните.

Општина Велес очекува примерот на ова здружение да го следат и другите Здруженија на граѓани, а локалната самоуправа е тука да ја препознае и да ја поддржи секоја добра идеја.