6-та седница на Советот за развој на Вардарскиот плански регион
На ден 24.02.2014 година во просториите на Општина Демир Капија се одржа 6-тата седница на Советот за развој на Вардарскиот плански регион. На седницата на која што се најдоа на разгледување 10 точки, претседаваше градоначалникот на Општина Велес Славчо Чадиев, во својство на претседател на Советот. Покрај присутните градоначалници од регионот, свое учество на состанокот зема и државниот секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање, Соња Лепиткова. Притоа беше дискутирано за престојната кампања „Македонија земја на свеќето – земја на розата”, а на разгледување се најдоа и извештајот за работата, спроведувањето на програмата и завршната сметка за 2013 година на Центарот за развој на ВПР.
Во продолжение беа дадени информации од одржната седница на Советот за рамноменрен регионален развој на РМ, од од потпишувањето на Договор со Бирото за регионален развој за добиени проекти, информација за работата на Канцеларијата за одделението за Енергетска ефикасност во Општина Неготино како и информација за поднесени апликации за проекти во текот на месец јануари.