Бетонирање на крак од улица Максим Горки

Изминативе денови се изврши бетонирање на крак од улицата Максим Горки која се наоѓа во Урбаната заедница „Славе Петков” (Долни дуќани). Средствата за овој градежен зафат се обезбедени од Буџетот на Општина Велес, а истите беа предвидени во Програмата за уредување на градежно земјиште за 2014 година.