Одбележана десетгодишнината од смртта на Анита Кришан Лозановска

Денес на гробиштата на црквата Свети Спас во Велес почит и беше оддадена на Анита Кришан Лозановска. Таа како вработена во кабинетот на претседателот Борис Трајковски беше дел од делегацијата која во Мостар, пред десет години, требаше да учествува на меѓународна економска конференција. Но наместо да ја промовира Македонија таа животот го загуби во авионската несреќа заедно со претседателот Трајковски и останатите соработници и членови на екипажот. Вечното почивалиште на нашата сограѓанка денес го посети делегација од Владата на Република Македонија, Градоначалникот на Општина Велес Славчо Чадиев и семејствата Кришан и Лозановски.