Реконструкцијата на локалниот пат до село Иванковци
Овие денови се вршат интензвини градежни активности за реконструкција на локалниот пат до селото Иванковци. Сегашниот пат е изграден во далечната 1978 година, оштетен е на повеќе места поради што Иванковци и уште неколку други села се речиси отсечени од Велес. Првата делница во должина од 1.502 метри е завршена во текот на 2013 година, а од 17.02.2014 година фирмата ПРОГРЕС 98 од Гостивар, ја отпона втората делница во должина од 6.700 метри. Третата делница се предвидува да започне и да заврши во следниот период. Целукпната должина на овој локален пат изнесува 9.798 километри.
Постоечкиот асфалтен коловоз е со променлива широчина од 3.5 до 4 метри. Истиот е деградиран и е без систем на одводнување. Со реконструкцијата ќе се изврши проширување на коловозот и истиот ќе биде со константна ширина од 4 метри и банкини од 2*0.5 метри. Вкупната вредност на инвестицијата за реконструкција на патниот правец 40.000.000 денари, средства обезбедени преку Јавното претпријатие за државни патишта и Владата на Република Македонија.
Градоначалникот Славчо Чадиев денес изврши увид на градежните активности, при што истакна дека оваа реконструкција е од големо значење за жителите на селата Мамутчево и Иванковци, бидејќи е единствена сообраќајница која овозможува комуникација со општинскиот центар Велес. Инаку проектот за реконструкција на патниот правец кон с. Иванковци и проектот за реконстркција на локалниот пат кон селата Раштани и Бузалково се двата проекта кои на Општина Велес и беа одобрени од страна на Јавното претрпијатие за државни патишта.