„Македонија земја на цвеќето – Земја на розата”
Денес (27.02.2014) во просториите на Општина Велес се одржа состанок помеѓу градоначалникот Славчо Чадиев, државниот секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање Соња Лепиткова и преставниците на бизнис секторот од градот. Главна цел на состанокот беше запознавање, информирање и вклучување на бизнис секторот во спроведувањето на националната еколошка кампања „Македонија земја на цвеќето – Земја на розата” која се планира да се реализира на Денот на пролетта – 21 март 2014 година, на територијата на цела република.
Инаку еколошката кампања „Македонија земја на цвеќето – Земја на розата” има долгорочни позитивни ефекти по животната средина и здравјето на луѓето. Розите се повеќегодишно украсно растение, кои апсорбираат големи количини на олово и кадмиум во себе. Овие тешки метали се исклучително штетни за здравјето на луѓето. Експертите препорачуваат градот да биде збогатен со рози поракј сообраќајниците, улиците или на било кој отворен простор, затоа што тоа би илао повеќекратно позитивно дејство.
Присутните преставници на локалната бизнис-заедница изразија спремност да се вклучат во оваа кампања, со тоа што општината би била носител и координатор на сите активности при спроведувањето на еколошката акција.