Уредување на улица во село Мамутчево
Продолжуваат градежните активности за уредување на улица која минува низ село Мамутчево. Целата предвидена траса која е повеќе од 160 метри изминатите денови беше пробиена, тампонирана а потоа беше извршено и бетонирање на улицата. Дополнително ќе се работи на пробивање и тампонирање на уште 100 метри од останатиот дел на улицата кој води до центарот на селото. Средствата за овој градежен зафат се обезбедени од Буџетот на Општина Велес, а истите беа предвидени во Програмата за уредување на градежно земјиште за 2014 година.