Започна реконструкцијата на мостот „Гемиџии”

Започнаа градежните работи за санација на мостот кој ги поврзува левата и десната страна на Велес. Избројани се месеците до кога првиот столб на мостот Гемиџии ќе биде потпрен со железни скелиња.  Безбедоста на главната градска сообраќајна артерија во ниту еден момент не беше загрозена но сега по санацијата мостот добива трајна стабилност.

 

„Комплетно вадење на долниот слој до носивата арбирана бетонска градба и слој на самиот мост, горната страна ќе се вади цел асфалт оградата, и ке се попстави нов“, рече Љубчо Георгиевски, директор на ЈП за државни патишта. Отпочнувањето на овој проект е еден од најзначајните за локалната власт, не само по капиталната вредност туку и како потврда дека се реализираат приоритетните барања на велешани.

„Се надевам дека во скоро време во согласно со начинот на изведбата, времетраењето велешани во наредните педесет години ќе немаат никаков проблем со комуникацијата“, рече Славчо Чадиев, градоначалник на Општина Велес.

Пред седум години се појавија пукнатините кои од година во година се ширеа. Нивната санација ќе чини 33 милиони денари. „Ова е еден од најскапитре инфраструктурни проекти кој во овој период ќе се прави во Велес со средства од буџетот на Република Македонија во координација со локалната самоуправа“, рече Илија Димовски, пратеник во Собранието на Република Македонија.

Мостот Гемиџии е стар половина век, овие градежни зафати се први посериозни. До крајот на оваа година тој ќе има нов лик.