Недела на простувањето - Прочка
Почитувани
Дозволете, на своите сограѓани од православна вероисповед, да им го честитам големиот христијански празник Прочка. Проштевањето е духовен процес што од човекот бара лично преиспитување, покајување, за потоа да следува вистинско проштевање. Прочка е симбол на искрена и пожртвувана љубов кон ближните и ден за безусловно и безгранично проштевање меѓу луѓето. Овој голем ден е ден на помирување на небото со земјата и ден кога сите ние духовно се причестуваме. Прочка не треба да биде само еднаш годишно, туку наша секојдневна определба. Простете за се што во сме погрешиле, ние само чесно и упорно се бориме за подобар Велес!
Со почит,
Славчо Чадиев, Градоначалник на Општина Велес