Изградба на новопроектирана улица во село Иванковци

Денес започна реалзиацијата на проектот кој Општина Велес го доби од Владата на Република Македонија како дел од Програмата за рурален развој. Станува збор за изградба на улица во село Иванковци. Проектот предвидува изградба на улица која ќе минува низ центарот на селото. Од страна на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој за оваа цел се доделени вкупно 4.992.790 денари. Инаку од неодамна започна и реконструкцијата на локалниот пат до ова велешко село во должина од 10 километри. Овде исто така во тек е и изградбата на ново повеќенаменско спортско игралиште.

 При денешното започнување со градежните работи, градоначалникот Славчо Чадиев уште еднаш го изрази задоволство што Општина Велес во рамките на Програмата за рурален развој доби поддршка за три проекти, што впрочем е и максимумот кој може да го добие една општина. Оваа мерка на Владата на Република Македонија ја покажува намерата за подобрување на квалитетот на живот во рурални средини, обнова и развој на селата и зачувување и унапредување на традиционалните вредности во руралните подрачја.

На овој начин директно помага во нашите заложби за создавање услови за рамномерен локален економски развој.