Се гради пречистителна станица во село Раштани

 

Денес започна реалзиацијата на проектот кој Општина Велес го доби од Владата на Република Македонија како дел од Програмата за рурален развој. Станува збор за изградба пречиститечна станица во село Раштани. Проектот предвидува изградба фекална канализација во ова населено место. Од страна на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој за оваа цел се доделени вкупно 4.974.606 денари.

Проектот за изградба на пречистителна станица, заедно со проектите за изградба на улица во селото Иванковци и поставување на урбана ипрема на езерото Младост, се трите проекти кои локалната самоуправа ги доби од Владата, со вкупна вредност од околу 11.000.000 милиони денари.Овие мерки на Владата на Република Македонија ја покажуваат намерата за подобрување на квалитетот на живот во рурални средини, обнова и развој на селата и зачувување и унапредување на традиционалните вредности во руралните подрачја.

На овој начин директно помага во нашите заложби за создавање услови за рамномерен локален економски развој и развој на туризмот во Општина Велес.