Учество на средношколците во работата на советот

Здружението на финансиски работници на локалната самоуправа и јавните претпријатија, денес го реализираше проектот „Учество на средношколците во работата на советот” кој се спроведува со финансиска поддршка од Општина Велес, во рамките на програмата за поддршка на граѓанскиот сектор. Во насока на реализација на проектните активности се одржа наставен час со ученици од СОУ „Гимназија Кочо Рацин” и од ОСУ „Јовче Тесличков”.

  Настанот го отвори градоначалникот Славчо Чадиев кој се заблагодари на организаторот и на присутните ученици за можноста заеднички да се поразговара во однос на работењето на локалната самоуправа, порачувајќи оваа средба да биде само почеток за нови видови на соработка и комуникација со општината. Како дел од наставниот час, учениците се запознаа и со надлежностите на ЕЛС, советот на ЕЛС како и со општинските пригоди, буџетирањето, финансиските извештаи и завршната сметка на општината.