Фискалната децентрализација во фокусот

ImageПо повод празникот Свети Матеј, Денот на даночните работници на Република Македонија, во организација на Здружението на финансиски работници на локалната самоуправа и јавните претпријатија-Велес, во Клубот на пратеници во Скопје се одржа еднодневна работилница посветена на фискалната децентрализација. Свое излагање на работилницата имаше Министерот за финансии Трајко Славевски кој говореше за даночната политика и даночниот систем во Република Македонија.
 
На работилницата градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски ги презентираше размислувањата околу клучните аспекти на претстојната втора фаза од фискалната децентрализација во Македонија.  Беа потенцирани предностите, но и пречките што како искуство произлегоа од досегашниот процес на фискална децентрализација. Од работилницата произлегоа конкретни насоки и заклучоци кои треба да помогнат во имплементацијата на втората фаза од фискалната децентрализација.