ВЕЛЕС, СПОРЕД АНАЛИЗАТА НА ФДИ МАГАЗИНОТ НА ФАЈНЕНШЛ ТАЈМС, Е ЛИДЕР ЗА ИНВЕСТИРАЊЕ ВО КАТЕГОРИЈАТА МИКРО ГРАД
Угледниот ФДИ магазин на Фајненшл Тајмс, потврдувајки уште еднаш дека во Македонија има добра бизнис клима, Велес заедно со Штип ги рангира како мигро градови лидери за инвестирање. Според ФДИ магазинот и Република Македонија стои подобро од речиси сите земји од нашето опкружување. Кога станува збор за Велес и поволностите за инвеститорите вреди да се спомене дека Општината е една од ретките во регионот која минатата година го доби Сертификатот за поволен деловен амбиент во југоисточна Европа.
За Општина Велес ваквите признанија се доказ за цврстата определбата на локалната самоуправа со засилен интензитет да ја развива локалната економија. Ова претставува и одраз на сериозноста и професионалноста во градењето на подобра иднина. Во периодот што следи добивањето на оваа потврда е многу важно и од аспект на тоа што општината пред странските инвеститори и пред меѓународната заедница ќе даде гаранција дека се работи за стабилна општина, општина што е европски ориентирана и подготвена да прифати обврски што ќе гарантираат сигурност за странскиот инвеститор.
По повод високиот ранг на листата на Фајненшл Тајмс, на 12-ти март, директорот на ТИРЗ Виктор Мизо ќе прими и награда во Кан. Церемонијата се поклопува со одржувањето на саемот за индустриски недвижности на кои ќе присуствуваат бројни компании на кои ќе им бидат претставени бизнис можностите во Македонија.