Уредување на улицата Благој Нечев
Во рамките на тековните градежни активности изминативе денови се врши уредување на улицата Благој Нечев во УЗ „Димче Мирчев” (населба Дворови). Целата предвидена траса која изнесува околу 400 метри беше пробиена, тампонирана а потоа беше извршено и бетонирање. Средствата за овој градежен зафат се обезбедени од Буџетот на Општина Велес, а истите беа предвидени во Програмата за уредување на градежно земјиште за 2014 година.