Бетонирање на дел од улица Димко Најдов


Во рамките на тековните градежни активности изминативе денови се изврши бетонирање на дел од улицата Димко Најдов во УЗ „Славе Петков“ (населба Долни Дуќани). Средствата за овој градежен зафат се обезбедени од Буџетот на Општина Велес, а истите беа предвидени во Програмата за уредување на градежно земјиште за 2014 година.