Свеченост по повод 17-ти Март – Денот на Црвениот крст на РМ

По повод одбележувањето на Црвениот крст и Денот на доброволното дарување, денес на свечен начин беа прогласени најдобрите основни организации и поединци. За постигнување на најдобри резултати на полето на крводарителството во текот на 2013 година прогласени се: ООЦК од Градско, ООЦК при ЈП Македонски железници, ООЦК при ООУ „Блаже Конески“ и ООЦК при Технолошко-техничкиот факултет од Велес. За најдобар мотиватор на крводарителството е прогласен Петре Петрушевски, професор во ОСУ „Гимназија Кочо Рацин“ – Велес.

 

На свеченоста во присуство на поголем број крводарители, членови, активисти, поддржувачи и волонтери на Црвениот крст беа доделени и признанијата на крводарителите кои ја подале својата рака за да даруваат крв по 100-ти, 75-ти и 50-ти пат.

Одбележувањето на Денот на Црвениот крст и крводарителството што се одржа во организација на Општинската организација на ЦК која ги покрива и териториите на соседните општини Градско и Чашка се одржа во присуство на м-р Славчо Чадиев, градоначалник на Општина Велес и г-ѓа Жанета Чаушевска, градоначалничка на Општина Градско.

Свеченоста беше збогатена со грст велешки народни песни во изведба на ученици од ООУ „Васил Главинов“ - Велес.