Проекти: ТАД II КАРДС
Во рамки на ТАД II КАРДС проектот на Европската Унија во Република Македонија, во Министерството за локална самоуправа се одржа работилница посветена на првата фаза од воспоставувањето на системот за мерење на изведбата во 5 општини вклучени во проектот. На работилницата, врз основа на постигнатите резултати Општина Велес ја доби довербата да ја координира втората фаза од проектот во која ќе бидат вклучени уште 12 општини од Република Македонија.
Цел на проектот наречен „Техничка помош за имплементација и координација на процесот на децентрализација“ раководен од Европската Агенција за реконструкција во соработка со консултантската куќа LDK Consultants е создавањето на унифициран систем за мерење на изведбата со кој општините и Министерството за локална самоуправа ќе можат да го следат напредокот во сите области од надлежностите што со процесот на децентрализација ги добија општините. Општина Велес веќе го воспостави системот и ги искористи првите придобивки од неговото функцинирање. Во втората фаза на проектот приоритетна цел на општината е да утврди минимални стандарди на услуги со што ќе овозможи уште поефикасни и поквалитетни услуги за граѓаните.