Средба на градоначалникот Чадиев со француската амбасадорка Оер
Амбасадорката на Република Франција, Лоренс Оер денес оствари работна посета на Општина Велес. На средбата, градоначалникот Славчо Чадиев ја запозна Оер со вкупните состојби во градот и напорите кои се вложуваат од страна на локалната самоуправа за подобрување на условите за живот на граѓаните. Двајцата соговорници на средбата ги разгледаа можностите за понатамошна соработка помеѓу Општина Велес и Амбасадата на Република Франција, особено на планот на економскиот развој, образованието и културата. Пред француската амбасадорка Лоренс Оер, од страна на градоначалникот Чадиев беа презентирани и тековните активности на општината, како и идните проекти што ќе бидат реализирани во 2014 година.