145 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО И 85 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА ВАСИЛ ГЛАВИНОВ

Општина Велес Ве поканува заеднички да ги обележиме годишнините на раѓањето и смртта на Васил Главинов, првиот социјалист на Балканот, борец за националните права на македонскиот народ. 145 годишнината од раѓањето и 85 годишнината од смртта на Васил Главинов ќе бидат обележани на 19-ти март 2014 година(среда) во 11:00 часот во куќата на Васил Главинов, со перформанс подгответвен од учениците од ООУ „Васил Главинов“.

Ве очекуваме заеднички да ја посетиме куќата на Васил Главинов и да оддадеме почит на неговото историско дело.
 
Своето присуство на овој несекојдневен настан го потврди и Министерката за култура во Владата на Република Македонија, г-ѓа Елизабета Канческа Милевска.