На Езерото Младост му се врати природата

По отстранувањето на стотина камп приколки од зелената површина на Езеро Младост, гледката беше поразителна. На просторот имаше купишта комунален отпад и расфрлен градежен шут. Општината согласно Програмата за управување со отпад за 2014г., заедно со ЈКП Дервен пристапи кон чистење на дивата депонија, а просторот на кој беше предизвикано загадување е доведен во задоволителна состојба. Сега повотрно на езерото и на граѓаните им ја вративме природата. Останува во иднина сите повеќе да се грижиме за овој природан бисер и да не дозволиме повторување на оваа состојба.