Исчистен брегот на Битолска пруга

На локацијата брег на Битолска пруга на потегот надвозник “Жито Вардар”- Kомплекс УЗУС од двете страни на пругата е утврдено постоење на дивa депониja со комунален отпад, кој беше расфрлан по брегот лево и десно по целата должина на пругата. Согласно Програмата за управување со отпад за 2014 г. се изврши чистење на овој потег од отпад, гранки, неорганизирано зеленило. Граѓаните минувајќи покрај овој простор коментираат дека вакво чистење не паметат од седумдесетите години на минатиот век. Иако се работеше во отежнати услови, на голема косина и во непосредна близина на железничката пруга, нагрдениот и неуреден простор е успешно исчистен.