Трибина на тема: „Јавно говорење“
Македонското женско лоби и Одделот за родови студии при Институтот за општествени и хуманистички истражувања Евро - Балкан во Општина Велес одржаа трибина на тема: „Јавно говорење“ под менторство на г-ѓа Ирена Мишева во втората фаза од проектот: "Ние сме идни лидери/ки застапувачки на промени во нашитe заедници". Основна цел на проектот е унапредување на застапеноста на жените на одлучувачките позиции, како и јакнење на капацитетите на членовите на Комисиите за еднакви можности при единиците на локална самоуправа. На трибината беа поканети сите членови на КЕМ, сите жени членови на Советот на Општина Велес, жени на раководни позиции во установи и институции и раководителки од општинска администрација.