Пролетно крпење на ударни дупки по градските сообраќајници

Општина Велес овие денови спроведува пролетна акција за крпење на ударните дупки на градските сообраќајници. Интензивно се работи на реконструкција на улиците и санирање на коловозот од штетите предизвикани во зимскиот период. Ќе бидат закрпени со асфалтна маса сите улици кои се од витална важност за нормално одвивање на сообраќајот. Средствата за градежните работи се обезбедени од Буџетот на Општина Велес.