Во тек е асфалтирањето на патот до с. Иванковци
Со несмален интензитет продолжуваат градежните активности за реконструкција и асфалтирање на локалниот пат до селото Иванковци. Со реконструкцијата се врши проширување на коловозот и истиот ќе биде со константна ширина од 4 метри и банкини од 2*0.5 метри. Целукпната должина на овој локален пат изнесува 9.798 километри. Оваа инвестиција е од големо значење за жителите на селата Мамутчево и Иванковци, бидејќи е единствена сообраќајница која овозможува комуникација со општинскиот центар Велес. Вкупната вредност на проектот за реконструкција овој патен правец изнесува 40.000.000 денари, средства обезбедени преку Јавното претпријатие за државни патишта и Владата на Република Македонија.