„Младите сограѓани“ во посета на локалната самоуправа

Денес 58 ученика од ООУ „Св. Кирил и Методиј“ имаа работна прошетка низ општинската зграда. Согласно наставната програма за граѓанско образование, учениците имаа можност да го посетат Граѓанскиот сервис центар, да ги видат прес-салата и електронската сала и одблизу да се информираат за работата на општинската администрација, Советот на Општина Велес и функцијата Градоначалник. Најголем предизвик за учениците на оваа работна обиколка беше влезот во работниот кабинет на првиот човек на градот. Ваквите посети ќе им овозможат на најмладите граѓани на општината подобро да го разберат општинскиот систем како и придобивките од неговото успшено функционирање.