Уредување на улицата Лазо Трпков
Овие денови на улицата Лазо Трпков во тек се градежните активности за нејзина реконструкција. Целата предвидена траса од околу 450 метри претходно беше пробиена и подготвена за вградување на арматурната мрежа. Исто така се замени и старата и дотрајана водоводна линија, со нова изработена од висококвалитетен ПВЦ материјал. Во наредните денови ќе се изврши комплетно бетонирање на улицата. Со целосната реконструкција на улицата Лазо Трпков се решава долгодишниот проблем и се излегува во пресрет на потребите и барањата на жителите од овој дел на градот.