Пешачки патеки на улиците Никола Карев и Андон Шурков

Овие денови во Општина Велес се реализираа градежни активности за изградба на пешачки патеки кои се дел од улиците Никола Карев (во близина интернатот „Лазар Лазаревски”) и Андон Шурков (комплекс УЗУС). Со нивната изградба се надминува долггодишниот проблем на граѓаните со пристапот до објектите и станбените згради, а се подобруваат и условите за живеење во овој дел од градот.