Најмладите велешани со насмевка го прославија денот на шегата

Традиционално, секоја година денот на шегата 1-ви Април Општина Велес го обележува заедно со најмладите граѓани. Младинскиот парк беше претесен за да ги собере сите ученици од прво до петто од сите основни училишта, дечињата од градинката и учениците од ПОУ „Маца Овчарова“. Оваа убавина од бои и креативност на наставниците и родителите да ги маскираат своите деца во омилените јунаци денес беше привилегија да се види, но и да им се оддаде признание. Затоа секое училиште од градоначалникот Славчо Чадиев доби диплома за учество. Во знак на 1-ви Април учениците од ООУ „Благој Кирков“ вчера го претставија Велес на Пробиштипскиот маскенбал за деца на кој учествуваат деца од сите градови во Македонија.