Работно време на училиштата
Општина Велес не го прифаќа ставот на Владата за востановување на европско работно време затоа што сметаме дека тоа нема врска со патот на Македонија кон ЕУ.„Сметам дека е поважно што и како ќе работиме за влез во ЕУ, а не кога почнува и завршува работното време. На средби со директорите на основните и средните училишта се договоривме работното време во училиштата да го прилагодиме според потребите на учениците, на вработените и на родителите“ изјави градоначалникот Аце Коцевски.