Се поплочува тротоарот во близина на ООУ „Васил Главинов”
Општина Велес овие денови врши интензивни градежни активности за поплочување со павер елементи на тротоарот кој се наоѓа во близина на ООУ „Васил Главинов”. На овој простор се непрекинато се врши и уредувањето на новиот парк. Наскоро се очекува да заврши поставувањето на новата фонтана и системите за наводнување. Исто така ќе бидат подигнати и нови тревни, цветни и зелени површини. Просторот ќе биде допоплнително уреден со урбана опрема, летниковци и други интересни делови во новиот парк кој ќе претставува пријатно место за одмор и рекреација на граѓаните во овој дел на градот.