7-ми Април, Светски ден на здравјето

Вработените и менаџерскиот тим на велешката болница денеска свечено го одбележаа 7 април - Светскиот ден на здравјето. На свеченоста директорот на болницата д-р Атанас Василев истакна дека добрата организација во болницата, вистинските луѓе и апаратурата, како и знаењето и лековите заедно придонеле да се извојува победата во борбата против болестите. Инаку во Општата болница во Велес целосно се реконструирани хируршкото, детското, гинеколошкото и интерното одделение. Во тек е и втората фаза од реконструкцијата на физикалното одделение. Болницата е опремена и модернизирана со најсовремена апаратура.

На свеченоста на која присуствуваше и градоначалникот Славчо Чадиев на вработените кои заминуваат во пензија им беа доделени признанија, како и на повеќекратните крводарители од персоналот на велешката болница.