„Marquardt GMBH“ започна со градба на фабриката во Велес
Денес започнаа градежните работи за изградба на фабриката на германската компанија „Marquardt GmbH”. Фабриката која ќе биде сместена во новоформирана индустриска зона Караслари ќе произведува електронски продукции со висока технологија како составни делови за врвни германски брендови на автомобили. Во неа ќе бидат вработени околу 600 лица. Производствениот погон ќе биде со површина од 15.000 метри квадратни. Изградбата се очекува да биде завршена во првиот квартал на 2015, по што ќе се започне со производство на автомобилските производи. Инаку, германската групација „Marquardt GmbH” која е основана во 1925 година, досега има отворено компании во 9 земји ширум светот и во нив работат повеќе од 7.000 лица.
Општина Велес и градоначалникот Славчо Чадиев уште еднаш изразуваат благодарност на сите оние кои помогна и несебично се вложија во активностите кои за краен резултат ја имаат новаата германска инвестиција. Сите заедно треба да бидеме горди што сме дел од историската престврница за Велес.