8-ми Април - Меѓународниот и Национален ден на Ромите

Градоначалникот на Општина Велес Славчо Чадиев и Советот на Општина Велес на сите припадници на ромската националност им упатува честитки по повод Светскиот ден на Ромите 8-ми Април. Општина Велес останува доследна на реализацијата на сите проекти поврзани со презентација на ромската култура и традиција како и целосна инклузија на ромската популација во секојдневното живеење.
 
Со почит,

Славчо Чадиев,
Градоначалник на Општина Велес