Патот Велес-Скопје се поопасен

ImageНа прес конференција, градоначалникот Аце Коцевски ги изнесе своите ставови околу зачестените сообраќајни несреќи на патот Велес-Скопје. „Само за 72 часа повредени 5 се лица меѓу кои и едно деветмесечно бебе. 23 возила се оштетени и предизвикана е значителна материјална штета. Со ова се потврди дека опасни ќе бидат посследиците заради незаконското и непрописното одвивање на сообраќајот на патот Велес-Скопје заради тоа што не се почитувани законските прописи и стандардите кои ја регулираат  оваа материја“.
 
Коцевски повторно упати апел до Владата на Република Македонија и Фондот за магистрални и регионални патишта да ја преиспитаат одлуката за промена на режимот на сообраќај и да воспостават режим на сообраќај кој ќе гарантира безбедност. „Големината на луѓето се гледа и во тоа колку се подготвени кога ќе направат некоја грешка да ја исправат се со цел да се смалат последиците кои моѓат да настанат во наредниот период. Се плашам дека доколку Владта не ја прифати оваа сугестија последиците можат да бидат многу опасни“.