Одлука за неспроведување на стратегиска оцена - Детален урбанистички план УЕ 2, УБ 12 во Општина Велес

Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животната средина Службен весник на РМ бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 124/12, 93/13 и 187/13 на ден 31.03 2014 година, Градоначалникот на Општина Велес донесе

Одлука за неспроведување на стратегиска оцена


1. За планскиот документ  Детален урбанистички план УЕ 2, УБ 12 во Општина Велес кој се носи согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл. Весник на РМ  бр.51/05, 137/07, 91/09, 124/10,18/11, 53/11,144/12, 55/13, 163/13 и 42/14), не е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животната средина.

2. Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Велес www.veles.gov.mk

3. Согласно критериумите за определување на тоа дали еден плански документ има влијание врз животната средина од член 65 став (4) од Законот за животна средина и врз основа на податоците од Прилог 2 на Правилникот за формата, содржината и образецот на одлуката за спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена и на формуларите за потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена,  донесувањето  на  Детален урбанистички план за УЕ 2, УБ 12, Општина Велес, нема да има влијание врз животната средина од следните причини:
• Овој плански документ се носи врз основа на ГУП Велес УЕ 2 блок 12 како повисок плански документ за кој е спроведена стратегиска оцена за влијание врз животната средина, дадено е позитивно мислење за содржината и обемот на Извештајот за стратегиска оценабр.15-9341/2 од 10.10.2012 г. Опфатот на предметниот ДУП е идентичен со опфатот на горенаведениот ГУП.

4. Против оваа одлука може да се поднесе жалба преку овој орган до Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштита на животна средина и просторно планирање, во рок од 15 дена од денот на објавувањето на Одлуката на веб страната.

бр. ___________
Велес

ГРАДОНАЧАЛНИК
на Општина Велес
м-р Славчо Чадиев