Tрадиционален натпревар „Детски семафор 2014“
Денес во просториите на ООУ„Васил Главинов“ во Велес се одржа традиционалниот натпревар „Детски семафор“ во организација на Општинскиот совет за безбедност на собраќајот на патиштата Велес. На натпреварот учеествуваа 50-тина ученици од сите основни училишта во Велес, Градско и Чашка. Учениците се натпреваруваа во 2 дисциплини и тоа: проверка на познавањето на сообраќајните знаци и прописи преку решавање на тест и вешто возење со велосипед на предходно подготвениот полигон.
„Целта на овој натпревар е да се подигне на највисоко ниво сообраќајната култура, децата да се едуцираат за да знаат што да превземат во било кој момент при учество во сообраќајот. Ние сакаме да го промовираме здравиот живот. Децата да возат велосипеди ,затоа што тоа е најлесното превозно средство со кое можат да се пробиваат низ сообраќајот, меѓутоа мора да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи„ - истакна Сашко Андреевски, претседател на општински совет за безбедност во сообраќајот.
Најдобрите од денешниот општински натпревар ќе учествуваат на регионалниот, кој ќе се одржи на крајот на месецов.