Приоритети: Нова театарска зграда
Градоначалникот Аце Коцевски на прес конференција ги потенцираше заложбите за изградба на нова театарска зграда. „Не би сакал да ги коментирам изјавите на портпаролот на Министерството за култура во врска со моите ставови заради тоа што не се предвидени средства за нова театарска зграда во Велес. Вие сте сведоци дека јас воопшто не правев паралели, јас само ги цитирав ставовите на Владата за она што е предвидено да се гради во областа на културата за следната година и ги цитирав одредбите од Националната програма за култура во која изградбата на театарот во Велес има приоритет.
Националната програма за култура е документ кој го има донесено Собранието на Република Македонија, тој е сеуште важечки и тој треба да ја обврзува Владата на Република Македонија. Ги повикувам пратениците од Велес без оглед на нивната партиска припадност да се подготват и да предложат соодветни амнадмани на текстот на Буџетот на Република Македонија и да се изборат да велезат средства не само за почеток со изградба на театарската зграда во Велес, туку и за целосно санирање на свлечиштето Рамина. Исто така треба да се изборат да влезат средства за довршување на изградбата на ХС „Лисиче“, Основното училиште во Оризари и третата лента на тн Штипско џаде“.