Честитки по повод најголемиот христијански празник Воскресение Христово - Велигден
Почитувани сограѓани,
Од името на граѓаните на Велес, Советот на општината и од мое лично име на сите верници од христијанска вероисповед им упатувам искрени честитки по повод најголемиот христијански празник Воскресение Христово - Велигден, со желби за добро здравје и лична среќа. Овој светол празник е ден кога доброто победува над злото, а животот ја победува смртта. Ова е ден кога кај секој од нас повторно се раѓа надежта за подобар свет, за подобро утре.
Блаженството и спокојот кои ги носи овој празник да ги споделиме со нашиот ближен, со нашите најмили, нашите роднини, соседи, со нашите пријатели.
Со почит,
Славчо Чадиев, Градоначалник на Општина Велес