Се поставува новата вештачка трева на Градскиот стадион


На Градскиот стадион во Велес во тек се завршните активности за замена на тревната површина. Овие денови се врши промена на дренажниот ситем, поставување на гумена подлога, нивелирање и подготвување на теренот за новата вештачка висококвалитетна вештачка трева. Во увид на градежните работи на стадионот денес беше и градоначалникот Славчо Чадиев кој изрази задоволство од динамиката и досегашниот интензитет на работа. „Ископани се веќе дупките за стативите со што по завршувањето на овој завршен процес преминуваме на одбележување на фудбалскиот терен по што се надеваме дека за брзо време ќе се одигра и првиот натпревар на новиот терен на градскиот стадион“, истакна, градоначалникот Чадиев.

 

Во наредниот период ќе започнат и подготовките за реновирање и на останатиот дел од стадионот. Ќе се работи на уредување на задниот дел од трибинскиот простор, отстранување на старите и деградирани дрвја во околинта како и засадување на нови со кои ќе се оформи и добие ново зеленило на градскиот стадион.