Се интензивираат активностите за изградба на новата фабрика


Во новоформираната индустриска зона „Караслари” се вршат интензивни градежните работи за изградба на фабриката на германската компанија „Marquardt GmbH”. Фабриката ќе произведува електронски продукции со висока технологија како составни делови за врвни германски брендови на автомобили. Во неа ќе бидат вработени околу 600 лица. Производствениот погон ќе биде со површина од 15.000 метри квадратни. Изградбата се очекува да биде завршена во првиот квартал на 2015, по што ќе се започне со производство на автомобилските производи.