Општина Велес преку ИПА ќе го реализира проектот „ЕНЕРЏИНЕТ”


На 11 април 2014 година, Заедничкиот технички комитет на ЕУ за имплементација на Програмата за прекугранична соработка Македонија - Грција финансиран од ИПА на македонска страна го одобри Предлог проектот „Енерџинет“ – Тематска мрежа на прекуграничите локални власти за одржлива енергија.  Водечки партнер од Македонска страна е Општина Велес, а партнер Општина Прилеп. Партнери од грчка страна се општините Флорина, Ираклеа и Визиалтија. Вкупната вредност на проектот е 799.554 евра или 49.572.348 денари.

Вкупните одобрени средства за партнерите од македонска страна се 285.000 евра или 17.670.00 денари.  Општина Велес ќе добие средства во вкупна висина од 147.500 евра или 9.145.000 денари. Учеството на Општината е 22.125 евра или 1.371.750 денари. По доставувањето на финасискиот извештај, овие средства во буџетот на општината ќе ги врати Министерството за локална самоуправа. 82.000 евра ќе бидат искористени за поставување на термоизолациони фасади за енергетска ефикасност во 5 објекти (клонови 2,3,4,5 и 6) на детската градинка „Димче Мирчев“.

Останатите средства се наменети за меѓугранични средби, организација на настани, изработка на техничка документација за енергетска ефикасност (елаборати и студии) со кои Општина Велес во иднина ќе може да аплицира за добивање на дополнителни средства од европските фондови.

Општина Велес ќе добие и опрема за отворање на кацеларија за енергетска ефикасност (компјутер и канцелариски мебел) во која во времетраењето на проектот работно ќе биде ангажирано едно лице.

Сериозниот пристап на Општина Верлес кон потребата од енергетска ефикасност веќе се потврдува со низата проекти што се реализираат во општината – промената на вратите и прозорците во училиштата, интервенциите во топловодните системи, обновата на фасадите и сл. И замената на електричните светилки со економични како во објектите така и во уличното осветлување.

Проектот ќе започне да се реализира во најскоро можно време. Добивањето на овој проект ја одразува подготвеноста и способноста на Општина Велес за добивање финансиски средства од европски извори, преку аплицирање со сопствени проекти. Ваквиот начин на работа ќе продолжи и во иднина како дел од вкупните напори за креирање на развој и напредок на локалната самоуправа.