Се подготвува урбаната опрема за новиот парк
Во работилницата на ЈКП Дервен деновиве во тек е финална доработка на канделабри набавени од страна на Општина Велес, а кои ќе бидат поставени во новоизградениот парк кај училиштето Васил Главинов. За потребите на овој парк ЈКП Дервен изработува и комплетна урбана опрема – различни видови на парковски клупи и столчиња и летниковци.